Дома Фудбал Тажна вест: Почина фудбалерот кој две години блескаше во Ла Лига, постигнуваше голови против Атлетико и Реал

Тажна вест: Почина фудбалерот кој две години блескаше во Ла Лига, постигнуваше голови против Атлетико и Реал

Мароканскиот фудбалер Абделазиз Берада почина на 35-годишна возраст најверојатно како последица од срцев удар.

Берарда беше репрезентативец на Мароко и за оваа афричка репрезентација одигра 24 натпревари, а на клупски план ги бранеше боите на Гетафе, Марсеј, Анталија и бројни други клубови.

Во младинските категории беше дел и од Пари Сен Жермен. Роден е во Франција каде и што почина.

Последниот ангажман го имаше во францускиот Лустианос Сент Мери во 2021 година, а поради срцеви проблеми мораше порано да ја заврши кариерата.

Најдобрите години од кариерата ги помина во Гетафе помеѓу 2011 и 2013 година. Во тие две години беше стартер и еден од најважните фудбалери на овој тим. Успеа во тој период да постигне погодоци и против двата гиганти од Мадрид, Атлетико и Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…