Дома Македонски спорт Мак фудбал Бразилец е нов тренер на Гостивар

Бразилец е нов тренер на Гостивар

Tимот на Гостивар го доведе новиот тренер по заминувањето на Муарем Муарем и тоа е 43-годишниот Марк Нобре.

Нобре во Гостивар доаѓа од Турција каде што работеше во тимот на Чорум, претходно беше дел од Алтај, Генчлерберлиги и Хатајспор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за човек кој остави голема трага во Турција како играч и од 2004 до 2011 година го носеше дресот на гигантите Фенербахче и Бешикташ за кои собра над 200 настапи и постигна 100 гола.

Покрај Фенербахче и Бешикташ играше уште за: Генчлербирлиги, Ерзумруспор, Кајзериспор, Мерсин во Турција, швајцарскиот Вил, јапонската Кашива Рајсол и Парана и Крузеиро во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Голема напнатост го обележа полувремето на дербито помеѓу Интер и Јувентус (победа на Инте…