Дома Трансфер зона Јувентус јасно му порача на Погба да си бара нов клуб

Јувентус јасно му порача на Погба да си бара нов клуб

Пол Погба доби намалување на суспензијата, па ќе може да се врати на терените на почетокот на следната година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, за него нема повеќе место во Јувентус па ќе може слободно да си бара нов клуб и тоа е јасно по пораката на директорот Кристијано Џунтоли.

„Нашиот став е јасен. Погба беше одличен играч, долго време беше надвор од терените и минатата година бевме принудени да инвестираме во други играчи. Така, сега тимот е комплетен каков што е“, истакна Џунтоли.

Јувентус ќе го ослободи да замине без обештетување како слободен играч уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…