Лионел Меси постигна три гола и асистираше уште две, а Аргентина ја совлада Боливија со 6:0 во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова беше 189. меч за Меси за репрезентацијата со која двапати беше шампион на Копа Америка (2021, 2024) и која ја предводеше до титулата светски првак (2022).
Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ сега има 112 гола и 60 асистенции во нив. За Аргентина погодија и Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез и Тиаго Алмада.
„Убаво е што доаѓам овде и ја чувствувам љубовта на луѓето, тоа е она што ме прави среќен. И покрај моите години, се чувствувам како дете и удобно во овој тим. Се додека се чувствувам така и играм на нивото на кое сакам ќе продолжам да уживам“, изјави Меси.