Eкипата на Манчестер Јунајтед има лош почеток на сезоната, Тен Хаг со „црвените ѓаволи“ го има најлошиот старт на овој клуб од 1992 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму поради тоа позицијата на Тен Хаг е под голем знак прашакник. Поради овие резултати очекувано се најавува отказна Холанѓанецот, иако тој смета дека не е загрозен.
Сега на листата потенцијални наследници се појави едно изненадувачко име.
Како опција за клупата на Јунајтед се споменува Един Терзиќ кој нема клуб по заминувањето од Борусија Дортмунд. Токму Борусија е единствениот клуб кој Терзиќ самостојно го водеше и оствари солидни резултати. Успеа да го одведе тимот и до финалето во Лигата на шампионите.
Како помошник, Терзиќ работеше и во екипата на Вест Хем од 2015 до 2017 година. Покрај Терзиќ опции за Јунајтед се Тухел и Ван Нистерлој, но секако прво треба да дојде отказот за Тен Хаг.