Саму Чуквуедзе минатото лето пристигна како големо засилување за Милан, но до сега не ги оправда очекувањата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нигериецот блескаше во Ла Лига во дресот на Виљареал и за 25 милиони евра пристигна на „Сан Сиро“, но главно е на клупата за резерви.
Чуквуедзе се бори за место во тимот со Пулишиќ, кој блеска на десната крилна позиција, па поради тоа Милан не исклучува негова продажба во јануари.
Најсилен интерес за него покажува Атлетико Мадрид, но ситуацијата ја следат уште Астон Вила и Вест Хем.