Наскоро Милан ќе премине во рацете на кинески сопственици, кои за прва цел имаат да го задржат ѕвездите во тимот со нови договори.
Италијанските медиуми пренесуваат дека веќе е спремен спектакуларен договор со еден од најталетираните голмани кои некогаш се појавиле на фудбалските терени, Џанлуиџи Донарума.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Донарума во февруари ќе наполни 18 години и ќе добие 19 пати поголема плата од актуелната и договор до 2022 година. Бидејќи сеуште е малолетен, популарниот Џиџио нема право да потпишува професионален договор и настапува со договорот кој го има од младинските категории и кој истекува во 2018 година.
Младиот голман моментално заработува 200.000 евра годишно, а со новиот договор ќе заработува околу 3 милиони евра по сезона.
Со тоа Милан сака да се заштити од нападот на европските гиганти кои се спремни да потрошат многу пари за да го добијат неговиот потпис.
„Милан е мојот омилен клуб и пресреќен сум што го носам овој дрес. Се надевам дека овде ќе останам целата моја кариера и дека по неколку години ќе ја добијам капитенската лента“, изјави Донарума.