Дома Трансфер зона Балотели добил понуда каква што чека и – ќе игра во Серија А?!

Балотели добил понуда каква што чека и – ќе игра во Серија А?!

Се поврзуваше Марио Балотели со разни клубови во текот на изминатиот период, но контроверзниот италијански напаѓач се уште е без клуб.

Името на Балотели се поврзуваше со Палермо, ЦСКА Софија, па и со шпанскиот третолигаш Интерсити, но италијанските медиуми пренесуваат дека сега напаѓачот добил понуда каква што чека.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во редовите на екипата на Торино се повреди Дуван Запата и Торино ги разгледува опциите од напаѓачите кои немаат клуб, а Балотели наводно е една од нивните најголеми желби во таа конкуренција.

Поранешниот репрезентативец на Италија би можел да помогне, иако нема клуб Италијанците наведуваат дека тој самостојно тренира и се одржува во добра физичка форма.

Балотели во Италија играше за Интер, Милан, Бреша и Монца, а настапуваше уште за Лумецано, Манчестер Сити, Ница, Марсеј, Сион и Аданаспорт кој беше негов последен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Сити го сакаат „новиот Пирло“

Манчестер Сити и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репрезе…