Повредата на Дани Карвахал е една главните теми во шпанскиот фудбал, десниот бек на Реал Мадрид и шпанската се здоби со тешка повреда на лигаментите и за него сезоната е завршена.
Поради таквата ситуација Реал Мадрид веќе во јануари веројатно ќе реагира и ќе донесе засилување на оваа позиција.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Марка“ утрово пренесува дека Реал започнал сериозна потрага по десен бек, а прва мета наводно е Александер-Арнолд.
Арнолд има договор до крајот на сезоната и засега нема најави за продолжување, па јануари би била последна шанса од него „црвените“ да заработат, секако ако заминува. ,
Лоренцо Агуадо и Давид Хименез се фудбалери кои од младинската селекција преминаа во првиот тим и се опција за Анчелоти, но нема дилема дека клубот размислува за доведување на искусен и докажан фудбалер.