Дома Фудбал Судот ја намали казната на Погба, во јануари се враќа во тимот на Јувентус

Судот ја намали казната на Погба, во јануари се враќа во тимот на Јувентус

Суспензијата на Пол Погба е значително намалена, од четири години на само 18 месеции Французинот наскоро ќе се врати на теренот.

Имено, првичната четиригодишна забрана за играње фудбал поради позитивен допинг тест, Меѓународниот спортски арбитражен суд ја намали на 18 месеци, пренесува Дејли Мејл.

Тоа значи дека од јануари францускиот играч ќе може да тренира со Јувентус, а од март повторно ќе има право да игра фудбал.

Ова е добра вест за Јувентус, но и за европскиот фудбал воопшто, бидејќи Погба е голема фудбалска ѕвезда која недостасуваше на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…