Дома Трансфер зона Два гиганти ја следат ситуацијата: Влаховиќ го напушта Јувентус по „рецептот“ на Киеза?

Два гиганти ја следат ситуацијата: Влаховиќ го напушта Јувентус по „рецептот“ на Киеза?

Во последно време, Душан Влаховиќ е честа тема на италијанските медиуми, по лошиот почеток сега се пишува и за потенцијалното заминување на српскиот напаѓач.

Веќе се зборува за проблеми во играта на 24-годишниот напаѓач кој од почетокот на сезоната постигна четири гола на седум настапи, но од Италија пристигнуваат информации дека Србинот би можел да го напушти Јувентус и тоа во голем трансфер

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, порталот „Туто Јуве“ објави дека за Влаховиќ се заинтересирани Манчестер Сити и Атлетико Мадрид кои будно ја следат ситуацијата поврзана со договорот на српскиот фудбалер кој истекува летото 2026 година.

Засега нема индиции дека Влаховиќ ќе потпише нов, тој моментално е најплатен фудбалер во Италија со 13.000.000 евра годишно, а таа сума не би била проблем за Атлетико и Сити.

Следното лето може да биде клучно за Влаховиќ бидејќи би влегол во последната година од договорот, неговата вредност моментално се проценува на 70.000.000 евра, па потенцијалните купувачи најверојатно би добиле „попуст“ доколку Влаховиќ одбие да го продолжи договорот со Јувентус.

Италијанскиот клуб слично реагираше и со Федерико Киеза, кој беше продаден на Ливерпул под реалната цена токму затоа што постоеше ризик за една година да го напушти Торино без отштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…