Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека повредата на шпанскиот фудбалер Родри е голем проблем за клубот.
Родри се повреди пред три дена на натпреварот од петтото коло од Премиер лигата против Арсенал (2:2).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Сити претходно објави дека се уште не е познато колку време Родри ќе мора да биде надвор од терените поради повреда на десното колено.
„Очекуваме уште некои мислења, можеби Родри ќе отсуствува помалку отколку што очекуваме. Еден лекар вели дека тоа е многу сериозна повреда, а друг вели дека не е толку сериозна. Затоа чекаме“, изјави Гвардиола.
Тој потсети дека минатата сезона Сити имаше проблеми со повредите на Кевин де Брујн и Ерлинг Халанд, но на крајот успеа да ја освои титулата во Премиер лигата.
„Кога ќе го изгубите најдобриот играч од средниот ред на светот, тогаш тоа е голема загуба. Но, мојата работа е да најдам решение. Минатата сезона бевме без Халанд три месеци, без Де Брујн пет, но ја освоивме Премиер лигата. Пред нас е предизвик“, изјави Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер Сити ќе му гостуваат на тимот на Њукасл во следното, шесто коло од Премиер лигата.