Дома Фудбал ВИДЕО Мајорал можеше да ја шокира Барса во 94 минута – погледнете го неверојатното промашување

ВИДЕО Мајорал можеше да ја шокира Барса во 94 минута – погледнете го неверојатното промашување

Фудбалерите на Барселона вчера стигнаа до седмата победа во исто толку натпревари во овосезонскиот шампионат на Шпанија, откако го совладаа Гетафе со 1:0. Стрелец на решавачкиот гол беше Роберт Левандовски во 20. минута од натпреварот, во кој Борха Мајорал имаше шанса да ја шокира Барса во самата завршница.

Мајорал долги години беше играч на Реал Мадрид, но поголемиот дел од времето како играч на тој клуб го мина на позајмица. Сепак, останува евидентирано дека за мадридскиот гигант одигра 33 натпревари со седум гола и четири асистенции. Тој стана играч на Гетафе во август 2022 година, откако таму помина половина сезона на позајмица.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Досега за Хетафе има постигнато 33 гола на 89 натпревари, а вчера беше блиску до постигнување на 34-ти со што на неговиот тим ќе му донесеше бод во мечот против лидерот во шампионатот и ќе ја прекине перфектната серија на почетокот на сезона.

Се играше во 94. минута кога Хуан Иглесијас му додаде перфектна топка од десната страна. Мајорал можеше да избере на кој начин да шутира кон мрежата, но ја промаши топката и остана со еден гол во три натпревари оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков удар за Реал Мадрид, познат судија откри сè: Постои таа темна страна на фудбалот…

Поранешниот шпански судија Ксавиер Естрада Фернандез сведочеше за притисокот што го имал к…