Дома Фудбал Италија „Јувентус нема да биде во топ четири во Италија, ситуацијата сега е полоша отколку со Алегри“

„Јувентус нема да биде во топ четири во Италија, ситуацијата сега е полоша отколку со Алегри“

Eкс-италијанскиот голгетер, Aнтонио Касано го критикуваше Јувентус и српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ.

Поранешниот репрезентативец кој своевремено беше дел од Милан, Интер и Реал Мадрид тврди дека Јувентус не се променил премногу со доаѓањето на Мота на местото на Алегри.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Касано во минатото го нарече Алегри „ѓубре“ ,а таков став има и за Мота.

„За Алегри зборував дека е ѓубре. И се уште мислам така. Сега по шест натпревари на Мота на клупата морам да го кажам истото и за него. Ви кажав дека Јувентус нема да биде помеѓу првите четири екипи во лигата, ситуацијата е полоша отколку што беше. Го почитувам Мота, но не ме убеди со ништо“.

Не го штедеше ниту српскиот напаѓач.

„Влаховиќ не го сакам, тој е хистеричен нема лице. Не знае што да прави и само се жали на одредени работи“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наскоро важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …