Денис Черишев кој денеска има 33 години остави длабока трага во шпанскиот фудбал, посебн пред крајот на претходната деценија како играч на Валенсија.
Одигра неколку одлични натпревари и на Светското првенство во 2018 година кое се играше во Русија каде што со својата репрезентација стигна до четвртфиналето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од поодамна не е повеќе репрезентативец, а по двете сезони во Венеција одлучи да се пресели во Грција.
Нов клуб во кариерата на Черишев е грчкиот Паниониос. Медиумите во Грција пренесуваат дека Черишев во овој клуб нема да заработи премногу во споредба со претходните клубови бидејќи буџетот за плати на овој тим е два милиони евра.