Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ: Службена победа за Вардар против Тиквеш и суспензија на теренот во Кавадарци!

ФФМ: Службена победа за Вардар против Тиквеш и суспензија на теренот во Кавадарци!

Натпреварот помеѓу Тиквеш и Вардар кој викендов заврши со победа на црвено-црните од 0:1 донесе и инцидент во кој беше повреден судијата Гоце Петрески.

Иако од Тиквеш тврдеа дека Петрески лажирал повреда, ФФМ потврди дека постел удар со пластично шише и теренот ќе биде суспсендиран до новата одлука на Дисциплинската комисија.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Натпреварот како и што се најавуваше е регистриран со службени 0:3 за Вардар бидејќи беше прекинат некоја минута порано

„Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека теренот ( Градски стадион Кавадарци) СЕ СУСПЕНДИРА според член 77, 87 и 90 од Правилник на натпревари на ФФМ  поради напад (фрлено полно пластично шише ) кон втор асистент судија Гоце Петревски при што натпреварот бил прекинат.  Суспензијата трае до донесување на конечна одлука на Дисциплинска комисија на ФФМ  и е  во рамки на натпревар од 6. коло на ПМФЛ помеѓу ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци-ФК Вардар АД одигран на 22.09.2024 година .

Комисијата за натпревари на ФФМ  според член 87 и 90 од Правилник за натпреварување на ФФМ со службен резултат  ГФК Тиквеш 1930- ФК Вардар  0:3 го регистрираше овој натпревар“, стои во соопштението од Фудбалската федерација на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал Мадрид го следи стоперот на Лајпциг

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Кастело Лукеба. Кр…