Дома Фудбал Англија За можната казна на Манчестер Сити се огласи и Тебас: Гвардиола брзо му одговори

За можната казна на Манчестер Сити се огласи и Тебас: Гвардиола брзо му одговори

Претседателот на Ла Лига, Тебас се замеша во проблемите на Премиерлигата, конкретно на ситуацијата на Манчестер Сити со обвиненијата за прекршување на финансискиот фер-плеј, следуваше одговор од Пеп Гвардиола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Зборував со многу Премиерлигашки клубови и најголемиот дел од нив сфаќаат дека Манчестер Сити треба да биде казнет“, рече Тебас.

„Можеби е во право. Сигурен сум дека останатите клубови во Премиерлигата сакаат да бидеме казнети, што се однесува до тоа Тебас е во право, првпат се согласувам со него, се надевам и последен пат. Затоа велам дека г-дин Тебас и тимовите од Премиерлигата треба да чекаат, да видат каква одлука ќе биде донесена.

Не знам дали тој е адвокат, или сите Премиерлигашки клубови се адвокати, па знаат што ќе се случи. Претходно имавме спор и кај УЕФА, па видовте што се случи. Ние сметаме дека не сме виновни, одиме на независниот панел и ќе ја чекаме одлуката“, вели Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…