Астон Вила одбил понуди од дури 40 клубови минатото лето за нивниот напаѓач Џон Дуран, откри директорот Демиен Видагани.
Менаџерт Унаи Емери, верува дека 20-годишниот напаѓач може да стане еден од најдобрите во светот, и поради тоа, тој не сака да се раздели со него, иако самиот играч сакаше да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Астон Вила има уште еден многу добар стрелец во Оли Воткинс, поради што минутажата на Дуран е ограничена.
„Оли е голем професионалец и напаѓач од висока класа. Па сосема нормално е тоа што Дуран посака да замине, сака поголема минутажа. Имаше дури 40 клубови кои пројавија интерес, сите го сакаа. Дуран е 20 годишно момче со огромен потенцијал, може да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот и затоа го задржавме“.
„Унаи има големи очекувања од Дуран, смета дека може да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот и тоа во следните 12 месеци“, изјави Видагани.
🚨 Aston Villa rejected 40 offers for Colombia striker Jhon Duran during the summer transfer window. 😳❌🇨🇴
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 10, 2024
(Source: @MirrorFootball) pic.twitter.com/EuQ9p4To7O