Дома Фудбал Репрезентации Во Бразил стравуваат дека нема да играат на СП, а селекторот им порачува: Пласман? Ние ќе играме финале!

Во Бразил стравуваат дека нема да играат на СП, а селекторот им порачува: Пласман? Ние ќе играме финале!

Репрезентацијата на Бразил е единствената која учествувала на секо Светско првенство во историјата.

Сепак, во квалификациите за Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико не стојат баш најдобро. Иако во моментов се на позиција која ги води на натпреварувањето не се на сигурна бодовна разика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа јавноста во оваа земја е загружена пред гостувањето во Парагвај. Но, бразилскиот селектор Доривал Жуниор даде прилично самоуверена изјава.

„Пласман на СП? Не грижетете се…слободно запаметете ми ги зборовите – ние ќе играме финале на Светското првенство во 2026 година, сигурен сум во тоа“, изјави Доривал.

Доривал селектор на Бразил станаа оваа година, а претходно водеше клубови само од неговата татковина како: Сао Паоло, Фламенго, Флуминенсе, Сантос и Палмеирас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Официјално: Тухел долгорочно се врза со Англија

Англиската федерација официјално го објави продолжувањето на договорот на селекторот на ти…