Дома Фудбал Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Трансфер кој ги изненади сите: Ѕвездата на холандската репрезентација кариерата ја продолжува во Бразил

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај (30) потпиша двегодишен договор со Коринтијанс, соопшти бразилскиот клуб.

Депај го напушти Атлетико Мадрид во јули, а во клубот од Сао Паоло доаѓа како слободен играч.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Клубот не ги соопшти деталите од договорот, но бразилските медиуми пренесуваат дека договорот е вреден 12,5 милиони долари.

Депај ја започна својата кариера во ПСВ Ајндховен, а играше за Лион, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Минатата сезона играше за Атлетико Мадрид, каде забележа 31 настап во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на „Енфилд“: Помошникот на Симеоне ги плукаше навивачите на Ливерпул (Видео)

Ливерпул на „Енфилд“ го победи Атлетико Мадрид (3:2) во првото коло од Лигата на шампионит…