Денес ширум Европа се играа натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите, а еден од најинтересните натпревари се одигра на „Итихад“ помеѓу, Манчестер Сити и Наполи.
„Граѓаните“ одиграа одлично прво полувреме и се очекуваше на полувремето да заминат среќни и задоволи, но тоа не се случи. На влезот од тунелот во сериозна расправија влегоа Кевин Де Брујн и Давид Силва.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Брујн беше видно неровзен. Нешто претходно веќе доби жолт картон поради приговор, а не се смири ниту кога судијата означи крај на полувремето. Белгиeцот викаше и бараше разговор со судијата, а кого Давид Силва се обиде да го смири за да не заработи исклучување, Де Брујн бесот го „истури“ на Шпанецот.
#Debruyne pic.twitter.com/oD0OEBCroa
— MCFC (@Mancityfan2003) October 17, 2017