Бразилскиот фудбалер Нејмар, пред една година од редовите на Пари Сен Жермен се пресели во Ал Хилал, но за овој клуб досега одигра само пет натпревари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нејмар се повреди уште веднаш на стартот и се уште е надвор од терените. Вообичаената пауза при ваков вид на повреди е од шест до девет месеци, но во случајот на Бразилецот таа е уште подолга.
Последните информации велат дека тој паднал на лекарските прегледи кои биле направени неодамна и се проценува дека ќе му бидат потребни уште два месеци да се опорави од тешката повреда.
На Ал Хилал му оди одлично и без Бразилецот, но богатите шеици сакаат што поскоро да го видат Нејмар на терен бидејќи за него платија цело богатство.