Дома Трансфер зона Рома ќе го чека Хумелс уште неколку часа

Рома ќе го чека Хумелс уште неколку часа

Рома се надева дека ќе потпише со искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс, но е под притисок од крајниот рок за регистрација на играчи во Лига Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хумелс, кој е слободен играч, мора да одговори денеска, бидејќи рокот за пријавување на фудбалерите за европските натпреварувања истекува вечерва, потсетува „Кориере дело спорт“.

Рома испрати понуда за едногодишна соработка со можност за продолжување на договорот за дополнителни 12 месеци и плата од 2 милиони евра.

Хумелс во јуни ја напушти Борусија Дортмунд и се уште е без клуб иако имаше многу понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…