Дома Фудбал Реал Сосиедад доаѓа десеткуван во Скопје

Реал Сосиедад доаѓа десеткуван во Скопје

Екипата на Реал Сосиедад го објави списокот на фудбалери со кои ќе гостува во Скопје против Вардар во третото коло од Лига Европа.

Шпанскиот тим ќе биде десеткуван за гостувањето во Скопје бидејќи нема да може да смета на шестмина првотимци поради повреда. Во тимот ќе ги нема Хуан Мигел Хименез и Алваро Одриозола, а исто така нема да настапат и Мартинез, Зурутуза, Гуриди, Хуанми и Агритече.

Во секој случај, Реал Сосиедад доаѓа со доволно квалитетен состав, во тмот се враќа Ињиго Мартинез, а најзвучно име во тимот секако е Аднан Јанузај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи испадна, а Естевао не доби ни минута: Алонсо под критики

Клинтон Морисон и Џоби Мекануф не ја разбираат одлуката Естевао Вилијан да остане на клупа…