Eндрит Красниќи кој пред една година пристигна во Шкендија изненадувачки го напушти клубот од Тетово.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шкендија на социјалните мрежи објави дека се разделува со Красниќи поради лични причини на фудбалерот.
„Во овој момент Шкендија покажа разбирање, како и секогаш ставајќи ја благосостојбата на играчите во преден план. Одлуката на Ендрит да му се помогне во обидот да биде поблиску до семејството е доказ за вредностите кои ги практикува нашиот клуб“, објави Шкендија.
Красниќи во Шкендија дојде пред една година од Приштина, а играше уште во Дрита и шпански Луго.