Дома Фудбал Останато Роналдо по завршувањето на кариерата нема да работи ништо поврзано со фудбалот

Роналдо по завршувањето на кариерата нема да работи ништо поврзано со фудбалот

Португалецот Кристијано Роналдо и покрај тоа што е блиску до 40-тата година и понатаму е активен на фудбалските терени во дресот на Ал Наср.

Во својата последна изјава за медиумите Роналдо зборуваше за неговите планови за крај на кариерата и како што вели веројатно ќе се пензионира во дресот на Ал Наср за две до три години.

Новинарите ги интересираше и дали би работел во иднина како тренер, но Португалецот себеси не се гледа во таква улога.

„Не размислувам, но не се гледам себеси како тренер. Повеќе се гледам во работа надвор од фудбалот“, изјави Роналдо.

Потврди Португалецот и дека и понатаму ќе биде дел од репрезентацијата на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бизарно: УФЦ борец мораше да се соблече гол и да ја избричи главата за да го помине мерењето

MMA борецот Џон Кастанеда на мошне драматичен начин успеа да го задржи својот настап на на…