Според последните информации од шпанските и островските медиуми, Кепа Аризабалага ќе биде испратен на нова позајмица.
Последните најави се дека голманот ќе остане во Англија и ќе го брани голот на Бормут, а претходно ќе потпише нов договор со Челзи до 2026 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Изминатата сезона шпанскиот чувар на мрежата бранеше за Реал Мадрид, меѓутоа и покрај тоа што Куртоа беше повреден не доби премногу простор затоа што Андреј Лунин имаше одлична сезона.
Сега се очекува во Бормут да биде прв голман. Бормут претходно се обидуваше да го доведе Мамрадшвили исто така на позајмица, меѓутоа тој по потписот со Ливерпул кој се најавува ќе остане во Валенсија.