Дома Трансфер зона Хумелс конечно избра клуб, се сели во Шпанија

Хумелс конечно избра клуб, се сели во Шпанија

Матс Хумелс е слободен агент откако не го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и на маса имаше многу понуди.

Долго време се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, а последните информации се дека го избрал следниот клуб и ќе игра во Шпанија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, Хумелс ја прифатил понудата на Реал Сосиедад и ќе потпише едногодишен договор кој ќе вклучува опција за дополнителни 12 месеци.

Се очекува договорот да биде официјализиран во понеделник, па ќе може да дебитира во Примера веќе следниот викенд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…