Иако изгледаше дека трансферот е пред реализација, Паоло Дибала на крајот одлучи да ја одбие понудата од Саудиска Арабија и во оваа сезона ќе го носи дресот на Рома.
Навивачите на Рома секако се среќни што еден од нивните најважни фудбалери ќе остане во клубот, а тоа го покажаа и откако дел од нив се собраа пред куќата на Аргентинецот во Рим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фановите кои се појавија пред куќата на Тибала сакаа само да го поздрават Дибала за одлуката да одбие 75 милиони евра, сума која ќе ја заработеше за договорот од три години со Ал Кадсија.