Бурни се реакциите откако Јаник Синер помина без суспензија иако имаше два потврдени допинг теста на клостебол кој е забранет.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според медицинскиот експерт Фриц Сергел кој даде интервју за германскиот „Спорт1“ во кое тврди дека суспензија морало да има.
„Изговорот дека забранетата супстанца се апсорбирала преку кожата не ми изгледа реален. Светата антидопинг агенција (ВАДА) мора да интервенира. Според мене, случајот не е завршено. Клостебол е клостебол и носи суспензија од две до четири години. Тој мораше да биде суспендиран, а во тенисот веќе видовме еден или два случаи каде што тенисери се поштедени. Не гледам причина да помине без суспензија затоа што е најдобар во овој момент, тоа нема никаква врска.
Тука е примерот на Бен Џонсон кога го изгуби златото од Олимписките игри поради допинг. Навистина не гледам причина Синер да има привилегии“.
Објаснувањето во јавноста за него е смешно.
„Смешно ми е тоа што се зборува, дури и да го масира секој ден, по цел ден тешко клостеболот да влезе во телото на тој начин и да биде откриен на допинг тест“, објасни медицинскиот експерт.