Саудиските клубови успеаа да доведат голем број познати имиња од европскиот фудбал, па така и нивните апетити се зголемиле.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации тие имале обид ни помалку, ни повеќе да го доведат Винисиус Жуниор.
Наводно, Бразилецот бил контактиран од Фондот за јавни инвестиции во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија и на 24-годишниот фудбалер му понудиле да се пресели во некој од најголемите клубови и да биде заштитно лице на Светското првенство во 2034 година.
Не се откриваат бројки, но сигурно 24-годишникот добил астрономска понуда. Винисиус сепак е пресреќен во Мадрид и нема нема намера да го напушти клубот во блиска иднина, уште помалку за трансфер надвор од Европа.