Во големото финале, Македонија ја совлада Австрија (98:88), за перфектен скор, осум игри-осум победи и прво место на шампионатот.
Двете непоразени селекции се бореа за првото место, за златните медали и официјална промоција во учесници во „А“ Дивизијата односно наредниот шампионат кој ќе се одржи во соседна Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победник можеше да биде само еден, а за наша среќа тоа на крајот беше Македонија.
Нашите златни момчиња го продолжија победничкиот низ и во големото финале на првенството во Скопје, против Австрија, го задржаа перфектниот учинок, одум натпревар, осум победи, која од која поубава, поважна…
Доволни за златните одличја, за шампионскиот трофеј! Овој трофеј значи и дека Македонија обезбеди место во „А“ дивизијата.
Треба да се каже и дека првпат се случува една генерација на Македонија во кошарка да дојде до златни медали од некое натпреварување.