Дома Топ вести Јувентус не запира со засилувањата, пристигнува стопер од 35 милиони

Јувентус не запира со засилувањата, пристигнува стопер од 35 милиони

Јувентус е во напредни преговори за францускиот дефанзивец, Жан Клер Тобидо, пренесуваат медиумите на Италија.

24-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


24-годишниот Тобидо игра одлично во дресот на Ница и е на мета на многу европски гиганти, а Јувентус ја победил конкуренцијата.

„Старата дама“ постигнала комплетен договор со Французинот, а сега е блиску до договор со Ница.

Јувентус сака да го доведе Тобидо на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…