Дома Топ вести Мбапе потпиша за Реал, а сега со својата мајка му спрема тужба на ПСЖ

Мбапе потпиша за Реал, а сега со својата мајка му спрема тужба на ПСЖ

Килијан Мбапе пред неколку дена го комплетираше трансферот во Реал Мадрид,к а сега според последните информации би можел да започне „војна“ со Пари Сен Жермен.

Во редовите на Реал Мадрид Мбапе пристигна како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Мајката на Мбапе, Фазја Ламари сега најави дека се спремни да го тужат францускиот гигант ако не нејзиниот син не му биде исплатен бонусот од 100 милиони евра кој бил договорен како бонус за лојалност.

„Во случај да немаме друг избор ќе отвориме судска постапка. Се надевам дека договорот кој го потпишавме пред две години ќе биде испочитуван“, изјави Ламари.

ПСЖ од друга страна пак смета дека не треба да го исплатат овој бонус затоа што Мбапе заминал како слободен играч и не потпишал нов договор за клубот да заработи од неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…