Дома Трансфер зона Сити не смета на Кансело: Португалецот може да се врати во Италија

Сити не смета на Кансело: Португалецот може да се врати во Италија

Десниот бек на португалската репрезентација и Манчестер Сити, Жоао Кансело (30) бил понуден на Јувентус и Интер, клубовите во кои настапуваше пред да дојде во Премиер лигата.

Веќе е познато дека Пеп Гвардиола не смета на него, Сити наводно е подготвен да го пушти за околу 25 милиони евра, а Кансело според информациите и би ги намалил своите побарувањата за да се пресели во некој од италијанските клубови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Кансело е играч на Сити од 2019 година, но поради проблемите со Пеп Гвардиола го напушти Сити и беше на позајмица во Баерн и Барселона, меѓутоа ниту еден од овие два клуба не се одлучи да го задржи.

Интер е подобро пополнет бидејќи на позцијатан а Кансело ги има Дамфрис, Дармијан, па и Павар, поради тоа Јувентус можеби изгледа пореална опција, сепак прашање е дали се такви плановите на Тијаго Мота кој токму денес ги започнува подготовките со клубот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…