Дома Фудбал Италија Интересно ветување од засилувањето на Милан: Ако постигнам гол и победиме си одам дома пеш!

Интересно ветување од засилувањето на Милан: Ако постигнам гол и победиме си одам дома пеш!

Овој фудбалер на „росонерите“ даде интересно ветување…

Франк Кеси се очекува да биде еден од најдобрите фудбалери на Милан во дербито против Интер.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Момчето кое пристигна од Бергамо во текот на летото ја одби Рома бидејќи негова желба беше да се пресели во редовите на Милан.

„Мислам дека направив добар избор, не чека голем натпревар против нашите соседи. Многумина сметаат дека тие се фаворити, но тоа не значи ништо. Мое е да дадам се од себе“, изјави Африканецот.

Навивачите се надеваат на гол и војнички поздрав.

„Не е војнички туку, полициски. Мојот татко е полицаец, па така покажувам почит кон него“, доде одличниот фудбалер.

Тој не постигнува многу голови, но негов сон е да ја затресе мрежат на „нероаѕурите“.

„Ако постигнам гол и ние победиме, ветувам дека ќе одам пеш до Миланело“, додава Кеси кој ќе мора да оди вистински маратон бидејќи од „Џузепе Меаца“ до спортскиот центар на „росонерите“ има 42 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи купува напаѓач од 115 милиони

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…