Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Скандалозното однесување на Даку осудено и од неговиот клуб

Скандалозното однесување на Даку осудено и од неговиот клуб

И понатаму има реакции поради скандалозното однесување на албанскиот репрезентативец, Мирлинт Даку по натпреварот против Хрватска.

Претходно денес неговото однесување беше осудено од Фудбалската Федерација на Македонија.

Сега се огласи и клубот каде што настапува Даку, Рубин Казан кој изрази разочарување.

„Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции и гестови. Фудбалерот беше ставен во функција на репрезентацијата, секако дека жалиме за ваквото однесување. Кога во прашање се санкциите против играчот, тоа е во рамките на УЕФА“, соопштија од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Педро Родригез ја заврши кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Педро Родригез објави дека се повлекува од професионалниот ф…