Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Епилог од инцидентите во Гелзенкирхен: Приведени седум српски навивачи

Епилог од инцидентите во Гелзенкирхен: Приведени седум српски навивачи

Oд германската полиција соопштија дека приведени се седум навивачи на Србија кои биле вмешани во тепачката со група Албанци во Гелзенкирхен пред вчерашниот натпревар против Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот по кој се приведени навивачите се случил на терасата на еден ресторан во градот, а на уште неколку локации беа забележани и други пресметки.

Портапролот на полицијата во Гелзенкирхен соопшти дека причините зошто дошло до инцидентот засега се непознати.

„Причините за тоа што се случи се уште се нејасни, не е познато зошто имало пресметка со фанови чија селекција тој ден воопшто не играла“, изјавил портпаролот.

Германската полиција имаше засилени мерки за безбедност пред вчерашниот натпревар на Србија и Англија, но очигледно инцидентите со останатите навивачи и не можеа во целост да ги спречат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…