Дома Фудбал Шпанија ја надигра Хрватска🎥

Шпанија ја надигра Хрватска🎥

Фудбалската репрезентација на Шпанија полесно од очекувањата ја победи Хравтска со 3:0 на стартот на Европското првенство.

Резултатот го отвори Алваро Мората во 29. минута по одличната асистенција од Фабијан Руиз. Само три минути подоцна, Фабијан Руиз со мајсторски гол ја најави големата победа на „црвената фурија“.

Во самиот финиш од првото полувреме по центаршут од Јамал, Карвахал реализираше за водство на Шпанија од 3-0.

Во вториот дел Јамал пропушти да стане најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства, а на спротивната страна Петковиќ не искористи пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осмајиќ го реши Сасуоло: Ниту нов тренер не ја запре црната серија

Џенова со два гола на Милутин Осмајиќ славеше со 2-0 на гостувањето кај Сасуоло, кој го за…