Дома Фудбал Крос го напушти теренот по неверојатна партија. Погледнете што следуваше

Крос го напушти теренот по неверојатна партија. Погледнете што следуваше

ТОНИ КРОС (34) во својот 110. настап за Германија го одигра најдобриот натпревар за репрезентацијата со која ја освои светската титула и покажа зошто Нагелсман го молел да се врати од репрезентативната пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И сега, еден месец пред дефинитивно и целосно да се пензионира, Крос на отворањето на ЕП против Шкотска во победата од 5:1 одигра совршена партија.

Првото полувреме го заврши без погрешно додавање. Сите 55 топки што ги испрати им ги додаде на соиграчите. До крајот на настапот имаше 101 точен пас од 102 обиди. Така, со 99 проценти прецизност, тој стана играч со најдобро додавање за играч со повеќе од 100 обиди за додавање во историјата на ЕП. Да додадеме дека имаше и 107 допири со топката, 4 клучни додавања и перфектни долги 8/8 топки.

Затоа е јасно што се случи кога Нагелсман го повика да ја напушти играта на 10 минути пред крајот. Овации на преполниот стадион во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ми делуваше дека паднавме против Хрватска, но…“

Напаѓачот на Баерн е задоволен од реакцијата на неговиот тим по првиот меч на турнирот, ис…