Дома Фудбал Проблем за Франција пред првиот натпревар на Европското првенство

Проблем за Франција пред првиот натпревар на Европското првенство

Репрезентацијата на Франција се соочи со проблем уште по првиот тренинг по пристигнувањето во Франција.

Левиот бек, Тео Хернандез се пожалил на повреда по само десетина минути и заедно со репрезентативниот доктор се упатил кон соблекувалната.

Хернандез се пожалил на проблем со коленото по пријателскиот натпревар со Луксембруг и пред пристигнувањето во Германија не тренираше. Се очекуваше да биде спремен за стартот на подготовките, меѓутоа изгледа тоа нема да биде случај.

Дополнителните прегледи треба да покажат дали ќе биде спремен за настап против Австрија на 17. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…