Европското првенство во Германија започнува утре со натпреварот помеѓу домаќинот и Шкотска, а сега медиумите објавија дека судиите кои ќе делат правда на натпреварите добиле посебни инструкции.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наводно, УЕФА им дала насоки на судиите за време на натпреварите да комуницираат исклучиво со капитените. Во случај некој друг фудбалер да сака да реагира за некаква одлука веднаш би добил картон.
Ако навистина е така и судиите ги почитуваат ваквите насоки, тогаш големи се шансите на ова Европско првенство да има повеже жолти картони од било кога претходно.