Дома Фудбал Мбапе изјави дека ЕП е потешко од Светското првенство. Меси не му остана должен

Мбапе изјави дека ЕП е потешко од Светското првенство. Меси не му остана должен

Европското првенство во Германија започнува во петок, а ќе го отворат Германија и Шкотска со меч во Минхен на „Алијанц Арена“ со почеток во 21 часот.

Еден од најголемите фаворити за освојување на ЕП е репрезентацијата на Франција, а нивниот клучен играч и член на Реал Мадрид, Килијан Мбапе неодамна изјави дека Европското првенство е потешко натпреварување од Светското првенство.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња и актуелен освојувач на Златната топка Лионел Меси не се согласувал со неговото размислување.

Двајцата играа заедно за ПСЖ од 2021 година до минатото лето кога Меси се пресели во МЛС тимот Интер Мајами, а се сретнаа во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.

За време на интервју, Аргентинецот беше прашан што мисли за изјавата на Мбапе, а тој одговори: „Исто така рече дека јужноамериканските тимови немаат конкуренција од европските. Секој го цени тоа што го игра. ЕП е многу важно, но Аргентина, трикратниот светски шампион, не е на него. Го нема ниту Бразил, кој беше петкратен светски шампион, ниту Уругвај, кој двапати го освои Светското првенство.

Во тоа натпреварување нема премногу светски шампиони за да може да се каже дека ЕП е најтешко, нели? Најдобрите селекции се на Мундијалот, а во најголем дел играат сите земји кои ја освоиле титулата светски првак. Затоа сите сакаат да бидат светски шампиони“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…