Манчестер сити подготви нов договор за играчот на сезоната во Премиер лигата, Фил Фоден, пренесуваат медиумите на Островот.
Фоден минатата сезона одигра 52 натпревари за Манчестер сити во сите натпреварувања и постигна 27 гола, па „граѓаните“ сакаат да го наградат за добрите партии.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
24-годишниот фудбалер има договор до јуни 2027 година и во овој момент заработува 200.000 фунти неделно, а со новиот се најавува и значително покачување.
Челниците на Манчестер сити планираат да му понудат нов шест годишен договор, според кој Фоден би имал неделна плата од 375.000 фунти