Дома Топ вести Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Јувентус

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.

Бремер пред две години пристигна во Јувентус и се наметна како столб на одбраната на „старата дама“ со што го потврди статусот за еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Бразилецот сака да ја промени средината и преферира да игра во Премиер лигата, а во неговиот договор има откупна клаузула од 51 милиони фунти.

Таа сума воопшто нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед, кој на лето сака да донесе дефанзивец бидејќи приоритет на „црвените ѓаволи“ е засилување на одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…