Ситуација каква што е вистинска реткост се случи денеска во Реал Мадрид.
Имено, Карло Анчелоти излезе во јавноста со изјава дека Реал Мадрид нема да игра на Светското клупско првенство во 2025 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„ФИФА треба да заборави на тоа. Играчите и клубовите нема да учествуваат во него. Еден натпревар на Реал чини 20 милиони евра, а тие сакаат да ни ја дадат таа сума за целиот турнир. Освен нас и некои други клубови ќе одбијат учеството“, гласеше изјавата на Анчелоти.
Но, сега пристигна демант од Реал Мадрид со официјално соопштение во кое тврди дека клубот ќе учествува на тој турнир.
„Реал Мадрид сака да соопшти дека во ниту еден момент прашањето на учеството на Светското клупско првенство 2024/2025 не било доведено во прашање. Нашиот клуб ќе учествува како што е планирано и ние сме горди што сме вклучени во него и што повторно ќе инспирираме навивачи ширум светот во борбата за уште еден трофеј“, стои во соопштението на Реал.