Дома Топ вести Ливерпул ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Ливерпул ја „краде“ големата желба на Реал Мадрид

Ливерпул се вклучи во трката за потписот на централниот дефанзивец на Лил, Лени Јоро, пишуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот француски дефанзивец важи за еден од најголемите таленти и за него силен интерес покажуваат уште Реал Мадрид и ПСЖ.

Јоро е младински репрезентативец на Франција, а оваа сезона беше стандарден во тимот на Лил и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Лил е свесен дека нема да може да го задржи 18-годишниот дефанзивец и е спремен да го продаде на лето.

Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот, кој би требало да изнесува околу 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…