Италијанскиот гигант Милан покажува сериозен интерес за дефензивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс.
Неговиот договор со Борусија истекува следниот месец и нема најави за негово продолжување, па Хумелс ова лето ќе замине како слободен агент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хумелс е член на Борусија Дортмунд од 2007 година, направи трансфер во Баерн во 2016 година, но после три сезони повторно се врати во клубот.
Утрешното финале во Лигата на шампиони најверојатно ќе биде последен меч за Хумелс во Борусија Дортмунд. Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го доведе без обештетување.
🚨 Milan are interested in signing Mats Hummels should he leave Borussia Dortmund. There are increasing signs that the Champions League final could be his final game for BVB
— Milan Eye (@MilanEye) May 31, 2024
[@bvbnewsblog via @berger_pj] pic.twitter.com/NtuF8siBG7