Дома Останати Тенис Се било спремно за Надал да каже „збогум“, но во последен момент се случил пресврт

Се било спремно за Надал да каже „збогум“, но во последен момент се случил пресврт

Директорката на Ролан Гарос и познатата поранешна тенисерка Амели Морезмо откри дека Рафаел Надал планирал да се збогува на вториот Грен слем сезонава, но во последен момент се откажал од таквата идеја.

Имавме сè подготвено и договоривме збогување. Се до моментот кога Рафа дојде на Гарос“, изјави Морезмо.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рафа почувствува дека неговото тело е во многу подобра состојба отколку што беше во претходните месеци и недели и одлучи да го одложи пензионирањето.

По поразот од Зверев, Морезмо го прашала дали сепак сака да има проштална церемонија, меѓутоа очигледно одговорот бил негативен.

Претходно Шпанецот најави дека нема да игра на Вимблдон и ќе ја пропушти сезоната на трева со цел подобро да се припреми за Олимписките игри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВАДА бара за Синер суспензија од две години

Светската антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозан…