Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез изјави дека по финалето од Лигата на шампионите ќе соопшти дали следната сезона ќе игра за мадридскиот клуб, пренесуваат денеска шпанските медиуми.
Начо (34) е член на Реал од 2001 година, а за првиот тим на мадридскиот клуб одигра 363 натпревари и постигна 16 голови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некои шпански медиуми објавија дека капитенот на Реал би можел да ја промени средината по завршувањето на сезоната.
Начо има договор со мадридскиот клуб до 30 јуни годинава.
„Што се однесува до мене, јас веќе одлучив што ќе правам. Но, сега не е вистинско време да се зборува за тоа. Веќе ја освоив Лигата на шампионите, бев и европски шампион со младата шпанска репрезентација. Ништо не може да ја промени мојата одлука, која ќе ја соопштам по финалето – изјави Начо кој со Реал освои 24 трофеи.
Фудбалерите на Реал Мадрид во сабота на „Вембли“ во Лондон ќе играат против Борусија Дортмунд во битката за најпосакуваниот европски клупски трофеј.